Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Миралем Пјаниќ и оваа сезона блеска во дресот на Јувентус.
Израсна играчот за врска во еден од најдобрите во Европа, а и надвор од теренот постојано да воодушевува јавноста.
Пјаниќ е амбасадор на УНИЦЕФ за Италија и имаше задача да биде добар домаќин на еден од донаторите кои собраа речиси 50.000 евра за донации.
Среќникот на крајот беше Кристијан Манцин кој благодарение на донацијата доби дружење со Пјаниќ.
Кристијан со ќерката Софија присуствуваше на мечот против Милан во кој Пјаниќ асистираше за победа од 2:1, а по мечот продолжи дружењето на босанскиот репрезентативец на вечера.
„Не верував кога ми јавија дека сум добитник на наградата. Беше неверојатно да се гледа мечот од ВИП ложата на Пјаниќ и да се излезе на вечера со него. Тој е прекрасна личност, голем човек. Ми го исполни сонот“, истакна Кристијан.
Тие кои имаа нешто помалку среќа во извлекувањето од Кристијан, добија потпишани топки, постери и маици од Пјаниќ.