Уште еден меч од осминафиналето во ЛШ ќе се игра без публика!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реваншите од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) следната недела ќе „настрадаат“ поради коронавирусот.

По мечот Валенсија – Аталанта и реваншот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд ќе се игра без публика и тоа поради вирусот.

Полицијата од Париз објави дека нема да бидат примени гледачи на „Паркот на принцовите“, откако беше донесена одлука да се забранат собири со повеќе од 1.000 учесници.

„По најновите донесени мерки од Владата, полицијата реши дуелот меѓу ПСЖ и Дортмунд да се игра зад затворени врати“, соопштија од полицијата.

Средбите меѓу Лајпциг – Тотенхем во вторник и Ливерпул – Атлетико Мадрид во среда ќе се играат со гледачи на трибините.