Уште еден премиерлигаш доби казна – остана без четири бода!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нотингем Форест беше казнет поради кршење на финансискиот фер-плеј во Премиерлигата, па затоа му беа одземени четири бодови.

Премиерлигашот со оваа казна падна во зоната за испаѓање, откако го надминал дозволениот минус од 61 милион фунти во период од три години.

Причина за тоа е што сакале да добијат повеќе пари од трансфер на Бренан Џонсон, но тоа се случи премногу доцна.

Брентфорд на почетокот на летото понудил 30 милиони фунти, но управата на клубот чекала подобра понуда која пристигнала од Тотнем во висина од 47,5 милиони фунти, но трансферот не е земен во предвид при подготовката на финансискиот извештај до 30 јуни.