Уште еден важен момент пред продолжувањето на сезоната во Премиер лигата е пред нас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиер лигата во наредните три дена ќе организира тестирање на сите судии и помошници, така што тие ќе може да ги судат пријателските натпревари кои клубовите ги планираат пред почетокот на сезоната.

Секој од судиите е должен да дојде на најблискиот стадион и тука да го изврши тестирањето, а постои можност некои од судиите да бидат тестирани во домашни услови.

ПО ова тестирање, судиите во следниот период ќе бидат тестирани по два пати неделно. Премиер лигата најави дека нема да ги објави резултатите од тестирањата.

Првенството во Англија ќе биде продолжено на 17 јуни кога ќе се сретнат Астон Вила и Шефилд Јунајтед, како и Арсенал и Манчестер Сити.

Кои судии ќе ги судат овие натпревари ќе биде објавнео на крајот на оваа недела.