Уште едно заминување од редовите на Ливерпул, Лалана на медицински прегледи во Премиерлигаш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адам Лалана во текот на денешниот ден ќе помине медицински прегледи во англискиот премиерлигаш, Брајтон.

Искусниот фудбалер од средниот ред си заминува од Ливерпул како шампион и кариерата повторно ќе ја продолжи во Премиер лигата.

За него имаше неколку заинтересирани клубови, меѓутоа Брајтон прв стигна до неговиот потпис.

Клубот од Амекс ќе му понуди тригодишен договор на 32 годишниот фудбалер кој ќе преставува големо засилување за Брајтон.