Уште пред две години Клоп запали аларм за предупредување на Кутињо: Ќе бидеш само еден од нив и ништо повеќе…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филипе Кутињо на почетокот на 2018. година стигна како големо засилување во Барселона, но се уште не успеа да ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“.

Барселона Кутињо се обиде да го донесе летото 2017. година, но тогаш Ливерпул успеа да го задржи во своите редови. Меѓутоа, само половина година подоцна, беше јасно дека Бразилецот ќе замине во Барселона и тоа за неверојатни 160 милиони евра.

Од Кутињо од прв ден многу се очекува во каталонскиот клуб, но тој тие очекувања се уште не ги оправда. Оваа сезона веројатно доби најголеми критики од сите фудбалери на Барселона и се повеќе се шпекулира за неговото заминување.

Меѓутоа, многумина порано му зборуваа дека заминувањето во Барселона веројатно е погрешен потег што се докажа во досегашниот дел од неговиот престој во овој клуб.

Уште пред две години тоа најдобро го објасни Јирген Клоп кој му даде до знаење дека останувањето во Ливерпул за него е најдоброто што може да го направи, но дека Кутињо не го послушал.

„Остани овде и на крајот тие ќе направат кип пред „Енфилд“. Ако заминеш на друго место како Барселона, Баерн или Реал тогаш за нив ќе бидеш само еден од играчите“, зборуваше своевремено Клоп за Кутињо.