Усик победи по гласање на судиите, Џошуа ги фрли шампионските појаси (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинскиот боксер Олександр Усик остана светски шампион во тешка категорија, откако го совлада Ентони Џошуа со одлука на судиите (2-1).

Усик доминираше во најголем дел од борбата и ги задржа титулите во ВБА, ВБО и ИБФ, кои ги освои минатиот септември во Лондон, кога за првпат славеше против Џошуа.

Ова го изнервира Британецот, кој ги фрли шампионските појаси во рингот, по што одржа говор во рингот.

„Усик е голем боксер, а ова е само емоција. Ако ја знаете мојата приказна, тогаш ќе ме разберете. Јас бев во затвор, платив кауција и почнав да тренирам. Затоа покажувам страст кон боксот. Дајте аплауз за светскиот шампион во тешка категорија“, кажа Џошуа.