Усик со судиска помош ги одбрани титулите! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинскиот боксер Олександр Усик славеше против Даниел Дубоа пред 40.000 гледачи во Вроцлав и ги одбрани шампионските титули во тешка категорија.

Во петтата рунда се случи контроверзен момент, кога Украинецот се најде на подот по еден силен удар во стомакот и најверојатно немаше да стане навреме, ако не добиеше помош.

Судијата процени дека станува збор за удар под појасот и воопшто не му броеше на Усик, туку му даде време да се соземе.

Усик по вторпат во кариерата ги одбрани титулите во ВБА, ИБФ и ВБО титулите, па повторно ќе го предизвика Тајсон Фјури за обединување на титулите.