Ужасна инфекција на раката на поранешниот шампион, УФЦ не сака да ги плати трошоците за операцијата (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголемата светска ММА промоција, УФЦ, одби да ги покрие трошоците за лекување на тешката инфекција на раката на поранешниот шампион Тим Силвио.

Силвио покажа ужасна глетка на рака на Инстаграм. Инфекцијата, наводно, се случила по скршеница на раката што ја претрпел во 2004. година во борба во УФЦ против Френк Мир и поранешниот шампион тврди дека тоа е резултат на лошо извршена операција.

View this post on Instagram

https://gf.me/u/x6pfdr

A post shared by Tim Sylvia (@timsylviamma1) on

Тој овој пат побара од УФЦ да ги покрие трошоците за новата операција. Сепак, тие одбија и Силвио беше оставен да се грижи сам за себе.

“Мојата рака има проблеми веќе една година. Штрафовите што ми беа стевени откако ми ја скршија раката во борбата против Френк Мир. Мојот лекар се јави во УФЦ бидејќи платиле за првата операција, но тие рекоа дека веќе не е нивниот проблем. Ова би ме чинело над 10 000 американски долари “, напиша Силвио, барајќи од следачите совет за тоа што да прават во овој случај.

Силвио двапати ја освои титулата во тешка категорија во УФЦ. Тој беше член на оваа организација до 2008. година, а се пензионираше пет години подоцна со резултат 31-10-1.