Ужасна статистика: Фудбалерите на Реал Мадрид не реализираа ниту еден пенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид промашија пенал против Унион Берлин, а со тоа потврдија дека се ужасни реализатори на удари од белата точка оваа сезона.

„Кралевите“ ги промашија сите четири досудени пенали во текот на оваа сезона, а тренерот Карло Анчелоти нема објаснување за тоа.

„Се обидуваме со Белингам, Родриго, Винисиус, Хоселу… Не знам што да кажам“, изјави Анчелоти по мечот.

Реал Мадрид со шест победи го освои првото место во групата и се пласира во осминафиналето на Лигата на шампиони.