Ужасни сцени во Брисел: Навивачите на Мароко тепаа, палеа и кршеа по победата против Белгија (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По мечот меѓу Мароко и Белгија (2-0) на Светското првенство во Катар се случи вистински хаос во Брисел.

Навивачите на Мароко излегоа на улиците и почнаа да кршат продавници, да палат и кршат автомобили, но и да се тепаат со полицијата.

„Нередите почнаа пред крајот на натпреварот. Навивачите имаа палки, а предизвикана е голема материјална штета, додека со експлозивна направа е повреден новинар“, соопштија од полицијата.