Ужасни вести за Мартинез: Белгија ќе игра без Азар и Де Брајне против Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез кажа дека Кевин де Брајне и Еден Азар нема да бидат подготвени за натпреварот против Италија на Европското првенство (ЕП).

Белгија во осминафиналето ја победи Португалија со 1-0, но во текот на мечот се повредија Азар и Де Брајне.

Мартине кажа дека не станува збор за сериозни повреди, односно дека Азар има проблеми со мускулите, а Де Брајне го повредил скочниот зглоб.

„Позитивно за нас е тоа што Азар и Де Брајне немаат тешки повреди, па ќе останат со екипата. Азар почуствувал болка во мускулот на раката, додека Де Брајне добил удар во зглобот и почуствувал болка во лигаментот“, вели Мартинез.

Мартинез го пофали и тимот на Италија, која е непоразена во последните 31 натпревар.