Вајлдер суспендиран на шест месеци, а за враќањето сака спектакуларна борба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Деонтај Вајлдер беше нокаутиран од страна на Тајсон Фјури во борбата за ВБЦ-титулата во тешка категорија.

Вајлдер заврши на рингот во 11. рунда, по што судијата го прекина мечот и Американецот не успеа да го врати појасот.

По борбата беше откриено дека на Вајлдер му е скршена една рака и поради тоа заврши на операција.

Исто така, Атлетската комисија го суспендираше Вајлдер на шест месеци, но тој за враќањето во рингот сака спектакуларен меч.

Американецот има намера да се бори против Ентони Џошуа, кој потоа би можел да се соочи со Фјури.