Вака ќе изгледа составот на Манчестер доколку на Солскер му се исполнат сите јануарски желби


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сопствениците на Манчестер Јунајтед заедно со тренерот Солскер подготвуваат „опасен“ јануарски план.

Црвените Ѓаволи имаат намера дополнително да го засилат играчкиот кадар за до крајот на сезоната да се изборат за една од првите четири позиции која гарантира учество во Лигата на Шампионите во наредната сезона.

На листата на желби се наоѓаат неколку одлични фудбалери меѓу кои се и Халанд од Ред Бул Салзбург, Санчо од Борусија Дортмунд и Саул Нигез од Атлетико Мадрид.

Исто така, тука е и Кулибали од Наполи кој оваа зима планира да ги распродаде своите играчи по големата побуна на играчите која се случи пред неколку седмици.

Доколку шпекулациите на англиските медиуми се вистинити и Јунајтед ги доведе споменатите играчи тогаш првиот состав после јануари на Манчестер би требало да изгледа вака: