Вака не се освојува титула: Челси прими три гола за 27 минути од ВБА!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ВБА води со убедливи 3-0 против Челси на полувреме во третото коло од англиската Премиерлига.

Два гола постигна Калум Робинсон. Прво постигна погодок во четвртата минута, а потоа и во 25. минута по грешката на Тиаго Силва.

Новиот капитен на Челси направи грешка за паметење. Топката му мина под нозе, а Робинсон тоа го искористи за 2-0.

Третиот гол дојде во 28. минута, а го постигна Бартли, додека Челси имаше неколку шанси, но не ги искористи.