Ваков гол се дава еднаш во животот: Мајсторијата на Тареми против Челси 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Порто во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) го победи Челси со 1-0, но тоа не беше доволно за португалскиот тим да се пласира во полуфинале.

Единствениот гол на натпреварот во Севилја го постигна иранскиот напаѓач Мехди Тареми, но момчето може да се пофали дека постигнал еден од најубавите голови во ЛШ во историјата.

Со спектакуларни „ножички“ Тареми ја погоди мрежата на Челси во 94. минута и обезбеди победа за Порто, но тоа не беше доволно за неговиот тим, иако за погодокот ќе се зборува уште долго и дефинитивно ќе конкурира за најдобар гол за 2021 година.