Валверде беше на проба во Арсенал, а денес ги понижи „топчиите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругваецот Федерико Валверде е еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид веќе неколку години и има договор со тимот до 2029 година.

Интересно е тоа што Валверде во минатото бил на проба во Арсенал, и тоа кога имал 16 години, но сè завршило за многу брзо и тој го напуштил тимот.

„Ми зборуваа дека ако потпишам за Арсенал, ќе имам одлични услови за живот и морам да прифатам нивна понуда. Меѓутоа, не се чувствував убаво во Лондон. Ако мислите само на материјални работи, тоа звучи одлично, но ние не сме роботи“, кажа Валверде.