Валверде е среќен кога игра Меси, а тоа го потврдува и неговата изјава по натпреварот против Ваљадолид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона беше воодушевен од партијата на Аргентинецот.

Барселона синоќа славеше на Камп Ноу со величенствен резултат од 5:1 против Ваљадолид во натпревар кој се одигра во 11. коло од Ла Лигата.

Каталонците без поголеми проблеми стигнаа до победа и повторно се искачија на врвот на табелата, а уште еднаш Лионел Меси воодушеви со своето издание.

Аргентинецот постигна голови во 34. и 37. минута, од кои едниот беше вистинска мајсторија од слободен удар, а пред тоа беше асистент за вториот и петиот гол на Барселона.

Ернесто Валверде исто така беше воодушевен со синоќешното издание на Меси.

„Не знам што да кажам околу Меси. Секогаш знаеме дека ќе биде таму каде што ќе ни затреба“, рече тренерот на Барселона, па продолжи:

„Секогаш прави важна разлика во вистинско време. Неговиот талент е неспоредлив со било кој друг во фудбалот.“

Валверде исто така потврди дека е задоволен и со напредокот на Ансу Фати и изјави дека тој и понатаму ќе биде дел од првиот тим на Барселона во оваа сезона.