Валверде е веќе бивши? – Петмина на списокот на управата на Каталонците…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона е поразена по вторпат во низа во последните две години, откако имаше предност од три погодоци која ја оствари на „Камп Ноу“.

Прво потклекнаа во Рим кога Рома ја стигна предноста од 4:1 по победата од 3:0, а синоќа успеа Ливерпул во вторито меч да слави со 4:0.

Валверде е главен виновник, секако.

Дали веќе е бивши? Многумина пишуваат дека е, а дури и самиот истакна дека не знае каде ќе биде следната сезона.

Чави е првиот, се пензионираше, а Барселона сака да им понуди работа на своите бивши играчи за врска, како што беше случајот со Гвардиола.

Филип Кока, човекот кој го напушти Фенербахче на почетокот на оваа сезона, исто така би можел да биде следен тренер на Барселона и се наоѓа на листата на управата на овој тим.

Тиери Анри, уште еден некогашен играч на Барселона, исто така е име на списокот на управата на клубот. Сепак, немаше успех досега во тренерскиот ангажман, па прашање е дали е вистинско решение.

Марселино е човек кој преводеше неколку тимови во Шпанија со кои имаше успеси, како што се Севиља, Вилјареал и Валенсија.

Лоран Блан е уште еден тренер кој би можел да биде ново име во Барселона. Овој стратег играше како фудбалер во Барселона и неговото име мора да се најде на списокот на потенцијалните нови тренери на овој клуб.