Валверде го одбра тимот за Ел Класико – Со сите сили против Реал !


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонците нема да можат да сметаат на сите играчи.

Во 20 часот не очекува Ел Класико, дуелот на Барселона и Реал Мадрид на Ноу Камп.

Тоа ќе биде двобој на двата најдобри тима во Примера со по 35 бодови, па не се сомневаме дека во 17. коло ќе видиме многу возбудувања.

Ернесто Валверде веќе го одреди тимот, а во него нема да бидат Артуро и Осман Дембеле поради повреди.

Шпанскиот стратег одлучи во конкуренција за составот да не бидат и Муса Вага, Жуниор Фирпо и Жан-Клер Тодибо кој неодамна доби шанса во Лига на шампионите.

Сите карти Каталонците ќе ги фрлат во нападот кој ќе биде предводен од Меси, Суарез и Гризман кои ќе пробаат да го искористат неиграњето на Марсело, Џејмс Родригез и Еден Азар во противничкиот тим.