Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона утре играат на „Енфилд“ во реванш мечот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул.
Барселона во првиот меч ја покажа својата сила и славеше со 3:0, но сигурно е дека нема премногу опуштени да влезат во утрешниот реванш бидејќи Ливерпул сигурно и тоа како е подготвен да направи пресврт доколку Каталонците тоа им го дозволат.
По минатогодишниот блам кога беа елиминирани од Рома во четвртфиналето оваа сезона Ернесто Валверде и тоа како поведе сметка за тактиката, и секако мечот го подготви на посебен начин.
Шпанските медиуми денес најмногу шпекулираат за тоа каква тактика ќе има Барселона утре, односно на каква игра ќе се одлучи Валверде утре. Мундо Депортиво верува дека тоа веројатно ќе биде формацијата 4-4-2 во која Барселона веќе игра неколкупати.
Секако заштитен знак веќе со години е формацијата 4-3-3, но јасно е дека не смеат да бидат премногу офанзивни. Доколку дојде до формацијата 4-4-2 тогаш „жртвата“ веројатно ќе биде Филипе Кутињо кој ќе остане на клупата.
Во тој случај, десен бек ќе биде Нелсон Семедо, додека Серџи Роберто би требало да заигра во редот за врска. Исто така, потврдено е дека нема да игра ниту Осман Дембеле поради повреда, па Кутињо е единствено решение во нападот покрај Лео Меси и Луис Суарез.