Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус утре играат реванш натпревар на свој терен против Ајакс во четврт-финалето на Лигата на Шампионите.
Првиот натпревар кој се одигра минатата седмица во Амстердам аврши со резултат од 1:1 и Ајакс му покажа на Јувентус дека патот до полуфиналето во ова натпреварување нема лесно да го поминат.
Холандскиот клуб во осмина-финалето против Реал Мадрид покажа дека е спремен на изненадувања, додека навивачите на Ајакс се надеваат дека нивниот тим може да го шокира Јувентус и да се пласира во полуфиналето на Лигата на Шампионите.
Ајакс во првиот дуел одлично играше во средниот ред со кој во потполност во сенка ги „фрлија“ играчите на Јувентус. Тоа посебно се однесува на босанскиот репрезентативец, Миралем Пјаниќ кој не го одигра мечот како што се очекуваше од него.
Оваа работа пред утрешниот натпревар која ја истакна и легендарниот Рафаел Ван Дер Варт и мисли дека тоа е главниот и клучен детал доколку Ајакс сака да биде му биде конкурентен на Јувентус.
„Дони Ван Де Бак одлично играше во средниот ред. Тој му ја отежна играта на Миралем Пјаниќ и тоа е многу важно ако ме прашувате мене. Тоа мораат да го направат и во реваншот и да вршат притисок. Италијанците не се навикнати да играат под притисок и ако им се затвори средниот ред, тогаш тие се готови! Верувам во Ајакс и би сакал да дојдат до победа“, изјави Ван Дер Варт.