Ван Дијк го отфрли „невозможното“, па стана најплатениот фудбалер во историјата на „црвените“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на холандската репрезентација Вирџил ван Дајк станува најплатениот фудбалер во Ливерпул.

Тој наводно го одбил „невозможното“ од Париз, па решил да потпише нов договор со „црвените“, врз основа на кој ќе заработува 250.000 евра неделно.

Деталите за понудата на ПСЖ не се познати, но се смета за рекорд за еден дефанзивец, а Ливерпул не сака ни да помисли да го загуби, па затоа подготвиле нов и поголем договор.

28-годишниот фудбалер дојде во Ливерпул во 2018. година во трансфер вреден околу 80 милиони евра и наскоро стана клучен играч на Ливерпул со кого ја освои ЛШ, а во сите прилики ќе го освои шампионатот оваа сезона.

На 113 одиграни натпревари досега, тој има постигнато 11 гола како стопер на Ливерпул и важи за еден од најдобрите дефанзивни играчи на светот. За некои, дури и најдобар.