Ван Гал: како да го запрам Меси? Ќе видите во петок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандија ќе се соочи со Аргентина во четвртфинале на Светското првенство (СП), а селекторот на „лалињата“, Луј Ван Гал е самоуверен пред средбата.

Ван Гал се надева дека ќе се одмазди за поразот во Бразил од пред осум години, а притоа кажа дека има план како да го запре Лионел Меси.

„Меси е најопасен фудбалер кој знае на фантастичен начин да постигне гол и да создаде шанси за своите соиграчи. Кога Аргентина ќе ја изгуби топката, не помага во одбрана и ние тука ја гледаме шансата. Ќе видите во петок како ќе го запреме“, кажа Ван Гал.

Дуелот меѓу Холандија и Аргентина се игра од 20 часот.