Ван Перси ја оживува кариерата?

Холандскиот напаѓач, Робин Ван Пњрси, ова лето би требало да замине од Фенербахле.

Имено, овој искусен напаѓач изрази желба за заминување после само една сезона помината во Турција, а претседателот на клубот Азил Јилдирим одлучи тоа да му го овозможи.

“Ван Перси? Чекаме некој да го купи, ако сака да замине отворен му е патот”– изјави Јилдирим.

Турските медиуми наведуваат дека бил понуден на Вест Хем и Кристал Палас.

Се претпоставува дека за услугите на Холанѓанецот Фенербахче ќе бара сума од околу четири милиони фунти.