Ванда ги дочека своите „пет минути“ – нејзината објава ги налути „нераѕурите“ ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан синоќа славеше на „Џузепе Меаца“ во италијанското дерби против Интер со 2-1. Јунак на мечот беше Златан Ибрахимовиќ, кој постигна два гола на неговиот поранешен тим.

Поразот на Интер едвај го дочека и Ванда Нара, сопругата и агент на Мауро Икарди, кој сега игра во ПСЖ, а кој на грд начин се раздели со екипата од Милано и замина во Париз.

Ванда немаше добар однос со „нераѕурите“, па не пропушти можност да ги „пецне“ сите на „Меаца“ со нејзината порака на Инстаграм во која им честиташе на „пријателите од Милан“.

„Без љубов нема дерби. Честитки до моите пријатели од Милан“, напиша Ванда по мечот.