Ванда замина на преговори во Италија: Икарди прави големо предавство?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди не може да добие шанса кај Маурицио Покетино, кој има премногу ѕвезди во неговата екипа, па поради тоа неговата сопруга Ванда Нара бара нов клуб.

Ванда замина на преговори со Јувентус за да го врати нејзиниот сопруг во Италија уште во јануари, а француските медиуми пишуваат дека станува збор за позајмица.

Преговорите, наводно, почнале пред два дена, а Ванда сака Икарди да се врати на Апенините, каде што претходно со многу успех настапуваше за Интер, а сега би можел да го облече дресот на „нераѕурите“.

Со Интер не се раздели на најдобар можен начин, иако беше најдобар стрелец и капитен на тимот.