Варан прв собра храброст и кажа што мисли за интервјуто на Роналдо

Пред неколку дена беше објавено интервју на Кристијано Роналдо со водителот Пирс Морган во кое отворено зборуваше против Манчестер јунајтед.

Прв кој собра храброст да зборува за интервјуто на Роналдо е дефанзивецот Рафаел Варан, кој имаше што да каже.

„Очигледно тоа влијае на нас. Следиме што се случува и што се зборува. Се обидуваме да останеме мирни во оваа ситуација и не сакаме проблеми. Кога станува збор за ѕвезда како Роналдо, мора да држиме растојание. Ние сме дел од колектив и тоа мора да го запаметиме. Тоа што јас го сакам е најдобро за мојот тим“, вели Варан.

Роналдо најверојатно ќе ги напушти „црвените ѓаволи“ уште во јануари.