Вардар добива големо засилување од Војводина


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ракометниот гигант Вардар прави сериозен чекор кон засилување на ростерот во клучниот дел од сезоната, откако успеа предвреме да го обезбеди потписот на Вукашин Воркапиќ, пренесува „Моцарт Спорт“.

Иако српскиот репрезентативец првично имаше договор да се приклучи на скопскиот клуб во јуни 2026 година, двете страни постигнале нов договор со кој трансферот е реализиран порано од планираното.

Со неговото доаѓање, Вардар добива значајно засилување во трката за шампионската титула во домашната Суперлига.