Вардар дозна со кого ќе се соочи во осминафиналето на ЛШ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македнскиот шампион Вардар доби службена победа против Мешков Брест, па тоа им го обезбеди петтото место на „црвено-црните“ пред нокаут-фазата и веќе се во осминафинале, каде што ќе се соочат со унгарскиот гигант Веспрем.

„Црвено-црните“ се пред сериозен тест со оглед на тоа дека ќе мора да играат против Веспрем, кој е на четвртото место во групата Б и не може ниту да напредува, ниту да загуби позиции по последното коло во регуларниот дел од табелата.

Тренерот Давид Дејвис ќе се соочи против неговиот поранешен клуб, па тоа е предност за Вардар, кој ќе го пречека унгарскиот тим на 30/31 март, додека реваншот ќе се игра во Унгарија една недела подоцна.