Вардар е нов лидер во Втората лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот второлигаш Вардар успеа да слави против Караорман со 2-1 во Струга и така се искачи на првото место на табелата, откако Гостивар вчера одигра реми против Воска спорт.

Головите за Вардар ги постигнаа Дарио Десниќ и Александар Жоглев, откако најпрво Караорман неочекувано даде гол за водство.

Вардар има 13 бода по првите пет кола, а толку има и Воска, додека трет е Гостивар со два бодови помалку од ривалите.

На останатите натпревари Беса славеше против Слога Виница со 3-2, Борец загуби од Кожув со 0-2, Детонит Плачковица славеше со 3-1 против Арсини, додека Пехчево Скопје одигра 0-0 против Тетекс, а Каменица Саса ремизира со Беласица (1-1).