Вардар ги дозна ривалите – ќе игра со гиганти од Данска, Унгарија и Германија од ЛШ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар на денешната ждрепка на ЕХФ ги дозна противниците во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ), па нема да има воопшто лесна мисија да се избори за нокаут-фазата.

„Црвено-црните“ паднаа во групата А, каде што друштво ќе им прават екипите на Пик Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Елверум, Монпелје и ППД Загреб.

Вардар ќе ја почне новата сезона во ЛШ против Елверум, па потоа следат дуели со Мешков Брест, ППД Загреб, Монпелје, Алборг, Кил, па двапати Пик Сегед, па во обратен редослед до крајот на регуларниот дел.

Сепак, Вардар за да учествува во ЛШ ќе мора да реши друг проблем, односно да даде гаранција од милион евра за учество на турнирот.