Вардар го суреди Пелистер 2 и остана во трка за титулата


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар во Битола славеше против Пелистер 2 со 22-19 и така остана во трка за титулата со првиот тим на битолскиот тим.

Битолчани одиграа одлично 40 минути на паркетот и не му дадоа на Вардар да избега, но „црвено-црните“ го скршија ривалот во втората половина на второто полувреме.

Најдобар во екипата на Вардар беше Гоце Георгиевски со седум голови, додека Куни Моралес постигна четири. Кај Пелистер 2 најефикасен беше Емилијан Ѓоргоски со пет гола.