Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Вардар го забележа првиот пораз во новата сезона во СЕХА Лигата откако во второто коло го положи оружјето на гостувањето кај Мотор Запорожје.
Украинскиот тим го доби натпреварот со 32:31, а „црвено црните“ не успеаја да реализираат пенал преку Иван Чупиќ во последната секунда од натпреварот и пропуштија да стигнат до реми на овој натпревар.
Во редовите на Вардар најпрецизен беше Тимур Дибиров со шест постигнати погодоци, додека Атман и Кристопанс реализираа по пет гола. Одличен на голот беше и голманот Артур Кугис којсобра 13 одбрани.
Вардар во следното коло ќ биде домаќин на Нексе и ќе се обиде да се врати на победите по неочекуваниот пораз во Украина.