Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар испушти шанса да се приклучи во трката за враќање во Првата лига, откако ремизираше против Гостивар (1-1) и не го искористи киксот на Воска Спорт.
Најтрофејниот македонски тим по само четири минути поведе со голот на Ненад Мишковски, но Гостивар ја врати резултатската неизвесност преку Стојанче Велинов.
Вардар имаше добри шанси, но не ги користеше, па со ремито остана на пет бодови зад најголемиот ривал во борбата за враќање во Првата лига.
Воска одигра 1-1 против Тетекс, иако во последната минута од мечот постигна гол, но истиот не беше признат поради офсајд.