Вардар испушти триумф: Чарлстон му подари бод на Пелистер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар не издржа до крајот и на крајот остана без триумф, па се враќа само со бод од Битола, каде што одигра 1-1 против Пелистер.

Вардар имаше водство до самиот финиш и добро се бранеше од нападите на Пелистер, но на крајот Чарлстон си постигна автогол.

Пелистер повеќе од среќно во 94. минута од мечот си го освои посакуваниот бод во вечното дерби против ривалот од Скопје.

Вардар сега има 11 бодови, колку и Силекс, Работнички и Струга Трим Лум, кои се наоѓаат од петто до осмо место на табелата, додека Пелистер е деветти со 10 бодови.