Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот шампион Вардар славеше на тешкото гостување во Битола со 26-23, а со тоа се врати на врвот на табелата во ракометната Суперлига.
По израмнетиот старт, Вардар имаше добар период кога влезе во мини-серија и избега на 9-6, но сепак Пелистер до полувреме успеа да израмни на 11-11.
Пелистер во вториот дел имаше неколку пати по еден гол предност, меѓутоа Вардар успешно се враќаше, а Борко Ристовски влезе во игра и почна да ги запира нападите на домаќините, со што му помогна на скопскиот тим да запише убедлива победа.