Вардар ја реши Слога, лоши резултати за Пелистер и Воска!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот второлигаш Вардар славеше во Виница со 3-0 против Слога, па остана на бод предност пред Гостивар, кој беше подобар од Арсими (2-0), додека лоши резулати запишаа Пелистер и Воска.

Вардар преку Филип Јаневски ја најави победата, а Дарко Мицевски зголеми на 2-0 пред крајот на првото полувреме, по што третиот гол падна во 72. минута преку Симеон Христов.

Антонио Каланоски го израдува Гостивар со два гола против Арсими (2-0), додека Воска во Охрид одигра 2-2 против Кожув, а Пелистер загуби кај Караорман со 1-2.

„Црвено-црните“ остануваат први со 28 бодови, односно еден повеќе од Гостивар, по што следи Воска Спорт со 24, а Охрид има 22.