Вардар минимално ја совлада Брера, Шкупи го растури Работнички


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше со 1-0 против Брера Струмица, додека Шкупи беше убедлив против Работнички.

Единствениот гол за „црвено-црните“ го постигна Омерагиќ во третата минута од натпреварот, а потоа Брера се обидуваше да се врати резултатски во мечот, но не успеа во намерите.

Екипата од Чаир беше убедлива против Работнички, а Куевен постигна два гола додека уште еден запиша Кука.

Шкендија се „лизна“ против Воска Спорт (1-1). Најпрво до гол стигнаа гостите преку Бајрами, по што тетовчани израмнија преку Шаља во завршницата од мечот.