Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Капитенот на Црна Гора и ракометар на Истр, Васко Шеваљевиќ во наредните 18 месеци ќе го носи дресот на поранешниот европски шампион Вардар.
Шеваљевиќ потпиша договор со „црвено-црните“ и се очекува неговото деби да го има против Нексе на 1 февруари во Скопје, односно нема да биде во конкуренција за дуелот против Војводина.
Шеваљевиќ игра како лев бек и сигурно ќе биде големо засилување за Вардар за предизвиците во пролетниот дел од сезоната.
Левиот бек зад себе има настап на последните четири Европски првенства во сениорска конкуренција за Црна Гора.












