Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот прволигаш Вардар денеска го промовира и третото засилување за следната сезона, а тоа е босанскиот напаѓач Горан Закариќ.
Закариќ има 31 година и игра како крилен напаѓач, а во кариерата го носеше дресот на Динамо Загреб, Партизан, Железничар, Зрински, Славен Белупо и други тимови.
Босанскиот напаѓач освои две шампионски титули со Борац Бања Лука и Зрински, како и два куп-пехари со Железничар и Партизан.
Вардар денеска ги промовира и Сеук Гун Ким од Јужна Кореја и Марио Костов од Брера Струмица.