Вардар се засили со украински репрезентативец (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Вардар веќе почна со ангажирање на засилувања за следната сезона, а едно од нив ќе биде украинскиот репрезентативец Дмитро Горига.

Левиот бек следната сезона ќе настапува за Вардар, односно може да игра и во одбрана и напад, а треба да го зголеми и квалитетот во екипата.

„Иако имаше понуди и од други клубови, реши да дојде во Вардар. Горига ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката“, соопшти Вардар.