Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европскиот шампион Вардар на својата фејсбук-страна реши да се збогува со ракометарите и тренерот, кои заминуваат од клубот и ги продолжуваат своите кариериери на друго место.
Тренерот Роберто Гарсија Парондо го напушта клубот по освојувањето на Лигата на шампиони, а исто така ракометари кои оставија голема трага во историјата на македонскиот и европски првак кои ќе се простат од „црвено-црниот дрес“се Игор Карачиќ, Рожерио Мораеш, Дејан Милосављев, Димитри Киселев, Јања Војводиќ и Глеб Калараш.
„Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо.
Заедно се радувавме на одлични моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех.
СРЕЌНО!“, пишува во пораката на Вардар.