Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денеска беа одиграни четири натпревари од 14. коло во Првата лига, а најтрофејниот македонски клуб Вардар беше поразен со 1-2 од Воска во Маџари, додека Брера Струмица ја прекина лошата серија и го совлада шампионот Струга со 2-1.
Воска го отвори резултатот преку Марушиќ во четвртата минута, но набрзо Вардар израмни преку Папули. Сепак, на 15 минути пред крајот Јашаровски погоди за триумф на гостите од 2-1.
Брера беше во серија од девет меча без победа, но вечерва тргна одлично против Струга и погоди преку Рибаудо и Јанкулов за водство од 2-0, по што гостите стрелаа преку Незири (1-2).