Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите напаѓачи во англиската фудбалска историја, но и Премиер лигата, Алан Ширер, даде свое мислење после вториот натпревар на неговата репрезентација на Европското првенство.
Англија на тежок начин дојде до победа против Велс, а херои беа фудбалерите кои влегоа од клупата за резерви Џејми Варди и Даниел Стариџ. Поради тоа, многумина на селекторот Хоџсон му замерија бидејќи двајцата констатно ги држеше на клупата за резерви и не им даваше шанса од стартот на натпреварот.
Такво мислење има и легендарниот Ширер кој смета дека Хоџсон нема право на грешка како и дека Стерлинг и Кејн ја упропастиле својата шанса.
“Кејн и Стерлинг ја упропастија својата шанса и во двата натпревари. Против Русија и Велс не одиграа на нивото кое играат во Премиер лигата, а својата шанса ја искористија Варди и Стариџ. Мислам дека е се јасно, Варди и Стариџ мораат да бидат во стартниот тим против Словачка”- изјави Ширер.