Вашингтон гази сè пред себе, Јакимовски постигна 11 поени! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот талентиран кошаркар Андреј Јакимовски заигра во новиот триумф на Вашингтон стејт во НЦАА, а нивна нова жртва беше Прејри Вју (90-62).

Ова беше седма победа за Вашингтон во НЦАА-лигата, а Јакимовски на теренот мина 28 минути и постигна 11 поени, четири скокови и една асистенција за победничката екипа.

Вашингтон со денешниот триумф го израмни рекордот од 2007 година, кога имаше седум победи од седум меча во шампионатот.