Вчера со Динамо избори ЛШ, денеска потпиша за Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што добиваме информации од островот, голманот на Динамо Загреб е нов играч на Челси.

Португалецот Едуардо се договорил со Челси и денеска тој ќе стане нов играч на „сините„ од Лондон.

Овој 33-годишен голман бранеше против Салзбург во последниот натпревар пред групната фаза во ЛШ, каде што Динамо оваа сезона и ќе настапува.

„Отидовме во ЛШ и го напуштив Динамо Загреб. Тоа е голем успех, а јас одам во поголем клуб. Среќен сум и тажен истовремено, но ова ми беше голема прилика“ – изјави голманот за официјалниот сајт на клубот.