Вдовицата на Михајловиќ: Знаевме кога ќе почине Синиша, но не му кажувавме


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синиша Михајловиќ на 16 декември 2022 година ја загуби битката со леукемијата на 54-годишна возраст.

Михајловиќ првпат за болеста дозна во 2019 година, па привремено ја прекина тренерската кариера.

Србинот во првата фаза излезе како победник, но болеста му се врати во 2022 година по што Михајловиќ ја загуби долгата борба.

Вдовицата на Михајловиќ, Аријана откри дека очекувале да почине Синиша, но не му откривале.

„Одлучивме да не му кажеме ништо. Тоа беше шок за нас затоа што знаевме дека брзо ќе почине, но тој не знаеше. Беше тешко да глумиме дека ништо не се случува. Имав чест да поминам 27 години со таква личност“, кажа Аријана.