Вејн Руни со одлично деби за Дерби: Искусниот фудбалер асистираше во победата на својот клуб (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вејн Руни дебитираше за тимот на Дерби Каунти во Чемпионшип лигата. Неговиот тим славеше со 2:1 на домашен терен против Барнсли.

Ова е втора победа за Дерби во низа со што излегоа од резултатската криза, а одличен натпревар одигра големото засилување, Вејн Руни.

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија веднаш се запиша во листата на асистентите откако асистираше на првиот гол кој го постигна Мериот.