Веќе нема дилеми околу иднината на Нојер: Искусниот голман…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен објави дека нивниот капитен Мануел Нојер го продолжил својот договор до 2023 година.

Одреден период се шпекулираше дека двете страни не се согласуваат околу новиот договор и дека постои можност легендарниот Нојер да си оди од клубот ова лето.

Сепак, ваквите шпекулации денес добија и официјален демант откако Мануел Нојер потпиша нов тригодишен договор.

„Од Баерн сме многу среќни што Мануел го продолжи договорот до 30 јуни 2023 година. Мануел е најдобар голман на светот и е наш капитен, а така и ќе остане во иднина“ –кратко изјави извршниот директор на клубот, Карл Хајнц Румениге.

Челси одблиску ја разгелдуваше опцијата за ангажман на Нојер, но сега е јасно дека ќе мора да бара нова опција за голманската позиција.